11.02.2025
Пратеникот на Самоопределување на посeта кај “Даути Комерц”
За време на официјалната посета во Скопје, Пратеникот на Самоопределување, Мефаил Бајќиновци, ја посети компанијата “Даути Комерц”, една од најмоќните албански компании во Северна Македонија, со претставништва и во Косово, Албанија и Црна Гора, како и добро познато име во секторот на трговија и дистрибуција. Пратеникот го оцени силниот синџир на снабдување на компанијата и нејзиниот успех на регионалниот и европскиот пазар.
Со повеќе од 1.200 вработени, Даути Комерц продолжува да биде модел за одржлив развој на бизнисот, зајакнувајќи ја економската соработка меѓу Косово и Северна Македонија. Генералниот директор на компанијата, Џемаил Даути, ја истакна важноста на јасните и правични трговски регулативи за фер конкуренција и подобра деловна клима во регионот. Во овој контекст, беше дискутирана итната потреба за усвојување на два клучни закони во Косово:
1. Законот за неправични трговски практики, кој има за цел да ги заштити бизнисите од злоупотреби во синџирот на снабдување.
2. Законот за менаџирање на одпад од пакување, кој ќе помогне во создавање на поуреден и одржлив систем за трговија и заштита на животната средина.
За да се придвижи овој процес, беше предложена средба помеѓу претставниците на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Владата на Косово и Dauti Komerc, со цел да се разгледаат предизвиците и да се најдат ефективни решенија. Компанијата Dauti Komerc останува посветена на поддршка на секоја иницијатива што го подобрува деловното опкружување и ги зголемува можностите за економски развој во регионот.


