14.02.2025





Даути Комерц ќе побара да им се враќа солидарниот данок

Компанијата „Даути комерц“ е една од над 140 компании кои со одлука на Уставниот суд се стекнаа со право да бараат од државата враќање на солидарен данок. Оваа одлука дојде откако Стопанската комора на северозападна Македонија побара преиспитување на уставноста на Законот за солидарен данок до овој суд. Уставниот суд пред неколку дена донесе одлука во корист на бизнисите. По ваквата одлука на Уставниот суд, „Даути комерц“ веднаш ќе ги започне постапките за барање враќање на овој данок, но за начинот и динамиката на враќање на истиот ќе се одлучува во договор со Владата и Министерството за финансии. Фирмата „Даути комерц“ на државата и платила 1.768.327 денари. Директорите на компанијата одлучија да не бараат камата за споменатата сума, за да не го оптоварат државниот буџет. Овој закон беше донесен од претходната влада кој се засноваше на директива на Европската Унија, чија цел беше да се види дали компаниите кои тргуваат со електрична енергија профитирале или не со искористување на кризата во текот на 2022-2023 година. Ваквата состојба подетално ја разгледа почесниот претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија и генерален директор на „Даути комерц“, Џемаил Даути, поканет во емисијата „Бизнис плус“ на ТВМ2, додавајќи дека претходната власт таа директива на ЕУ ја протолкувала на сосема погрешен начин.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам