25.03.2025





Даути Комерц организираше ифтар за 150 лица во рамките на „Ифтарска Софра“

Продолжувајќи ја традицијата на солидарност и поддршка за социјално загрозените категории, Даути Комерц спонзорираше ифтар за 150 лица, во рамките на хуманитарната активност „ Ифтарска Софра “, организирана од Хуманитарното организација, асоцијација „Културна Рома“. Организацијата на ваков настан бара голем ангажман, но според менаџерот на “Food & Catering”, Ибрахим Зенели, трудот вреди кога гледаш како луѓето заедно уживаат во благословената вечера.

„Одговорноста е, секако, голема. Овој ангажман бара добра организација во кујната, почнувајќи од менаџерот, технологот, главниот готвач и помошните готвачи, па сè до транспортерите и оние кои го сервираат оброкот. Генерално, подготовките за ифтарите не се разликуваат многу од секојдневните кетеринг подготовки. Најчесто траат од 3 до 4 часа, во зависност од бројот на нарачки. Обично коментарите се позитивни, но ние прифаќаме и критики, бидејќи тие ни помагаат да се подобриме. За ‘Даути Комерц’ е многу важно да биде дел од овие активности и да биде блиску до овие категории“, изјави Ибрахим Зенели, менаџер на „Food & Catering“.

Од друга страна, Јалчин Хасан, претставник на Хуманитарното Организација „ Асоцијација Културна Рома“, кое е основано во 1992 година со мисија да ги поддржи најранливите категории во општеството, изрази благодарност за овој придонес од „Даути Комерц“.

ВИДЕО

„Посебна чест и задоволство ми е што овој Рамазан, ‘Ифтарска Софра” ја споделувам со колеги, познаници и семејството, а прво би сакал да ја искажам мојата благодарност до компанијата ‘Даути Комерц’. Учесниците го гледаат ова како хуман гест. Тие се среќни што можат заедно да ја споделат ‘Ифтарска Софра’. Ова нè зближува и нè прави како едно семејство“, истакна тој.

 

Даути Комерц останува посветена на својата мисија да им помага на оние на кои им е најпотребно, давајќи континуиран придонес во подобрување на животниот стандард на граѓаните. Солидарноста и општествената одговорност се основни вредности на компанијата, кои се рефлектираат во секоја иницијатива што ја презема за поддршка на заедницата.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам