03.04.2025
Даути Комерц –доби статусот на одобрен извозник
Дистрибутерот на производи за широка потрошувачка, Даути Комерц, доби уште една потврда за својата доверливост и квалитет во меѓународната трговија! Со одобрение на Царинската управа на Република Северна Македонија, нашата компанија го стекна статусот на одобрен извозник, односно доби одобрение за поедноставување на постапката за докажување на потеклото на стоката, кое ке се користи при извоз кон земјите на Европската Унија, ЕФТА, ЦЕФТА,Турција, Украина и Обединетото Кралство. Ова одобрение е надополнување на одобрението за локално царинење и претставува поедноставување и убрзување на извозната постапка. Компанијата Даути Комерц е прва компанија во земјата на која и е дозволено да го користи оваа право за сите производи од царинската тарифа освен оние со голем ризик наведени во негативна листа.
Што значи ова одобрување за нашите клиенти и партнери?
ПОБРЗ И ПОЕДНОСТАВЕН ИЗВОЗ
Нашите производи користат царински олеснувања, што ја намалува бирократијата и времето на обработка на документацијата.
ГАРАНЦИЈА ЗА ПОТЕКЛО
Како одобрен извозник, гарантираме за предвидените права за потекло на стоките при извоз на земјите членки, Европската Унија, ЕФТА, ЦЕФТА,Турција, Украина и Обединетото Кралство.
НАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА РАСТ И РАЗВОЈ
Овој статус е значаен чекор за Даути Комерц и гаранција за нашите партнери дека сме посветени на обезбедување квалитетни производи со највисоки меѓународни стандарди.
Ние продолжуваме да го зголемуваме нашето присуство на меѓународните пазари, градејќи силни и доверливи односи со партнери ширум светот.
Даути Комерц – Вашиот доверлив партнер во меѓународната трговија!