05.05.2025
Посета од Колеџот „Јахја Кемал“ во Даути Комерц
Даути Комерц имаше чест да го пречека директорот на Колеџот „Јахја Кемал“, г. Фатих Гокташ, и претседателот на Управниот одбор, г. Фахри Ќамили, кои остварија официјална посета во нашите простории.
Гостите беа пречекани од Генералниот директор г. Џемаил Даути, г. Феми Даути, како и од раководителот на Секторот за увоз-извоз, г. Сокол Зеќири.
За време на средбата се разговараше за можностите за соработка, размена на професионални искуства и важноста на поврзувањето на образованието со практиката во бизнисот.
Ја изразуваме нашата благодарност до Колеџот „Јахја Кемал“ за посетата и интересот за нашата работа!
|