23.06.2025
Состанок со Претседателот на Унијата на Бизнисмени „Визиони“ за Прешево, Медвеѓе и Бујановац – г. Џелал Мемети
Во просториите на компанијата Даути Комерц се одржа официјален состанок помеѓу генералниот директор, г. Џемаил Даути, и г. Џелал Мемети, претседател на Унијата на Бизнисмени „Визиони“ за албанските простори во Прешевската Долина – Прешево, Медвеѓе и Бујановац.
Овој состанок претставуваше вредна можност за размена на идеи и иницијативи за соработка во областа на економскиот развој, зајакнување на бизнис мрежите и поддршка на претприемничките иницијативи во регионот. Се дискутираше за можностите за поблиско поврзување на приватниот сектор меѓу Северна Македонија и Прешевската Долина, со цел зајакнување на производствените капацитети, подобрување на синџирите за снабдување и создавање нови можности за вработување. Исто така, се разгледа можноста за зголемување на бројот на соработници и инвестициони можности на Даути Комерц во Прешевската Долина.
По иницијатива на оваа Унија, Даути Комерц започна соработка во последните две години со две компании од Прешевската Долина.
Ваквите средби се од суштинско значење за изградба на мостови на соработка меѓу албанските бизнисмени во регионот и за проширување на бизнис мрежите кои помагаат во одржливиот раст на локалните економии.
Даути Комерц, како компанија посветена на регионалниот развој и одржливите партнерства, секогаш останува отворена за соработка со структури и организации што го споделуваат истиот визион за економската иднина на заедницата.