21.08.2025





Признание за посветеност, лојалност и исклучителен придонес

Во топла и благодарна атмосфера, генералниот директор на дистрибутерот на производи за широка потрошувачка Dauti Komerc, г. Џемаил Даути, лично додели  додели признание на г-ѓа Дурије Идризи за нејзиниот долг и плоден професионален пат од цели 16 години и 7 месеци (од 20.01.2009 до 31.08.2025), исполнет со посветеност, професионалност и неуморна работа во остварувањето на заедничките цели.

Во текот на целиот овој период, Дурије не беше само вреден работник, туку вистински пример и инспирација за колегите и соработниците – демонстрирајќи високи човечки и професионални вредности, лојалност кон компанијата и искрена посветеност кон своите секојдневни обврски. Нејзиниот придонес претставува основен темел во изградбата на стабилна, сигурна и вредносно ориентирана компанија.

Ова признание претставува многу повеќе од формално благодарење – тоа е доказ за нашата длабока почит кон луѓето кои со својот труд и посветеност оставиле неизбришлива трага во историјата и успехот на Dauti Komerc.

Во име на целиот тим, искрено Ви се заблагодаруваме за секој ден ангажман, за секој предизвик со достоинство надминат и за сите заеднички постигнувања.

Ви посакуваме од срце континуиран успех, здравје, среќа и исполнетост во секој Ваш нареден чекор, како на професионален така и на личен план!


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам