25.11.2025





„Даути Комерц“ добитник на Првата Награда на TOP100

„Даути Комерц“ со 88.85 поени е прогласена за најуспешна компанија за 2024 година, освојувајќи го првото место на престижната листа TOP100-2025, на најзначајниот економски настан во земјата организиран од Стопанската Комора на Северозападна Македонија.

Ова признание доаѓа како резултат на извонредните перформанси на компанијата според петте главни категории на методологијата TOP100, со што „Даути Комерц“ се позиционира на врвот на националната ранг-листа.

 

Наградата му беше доделена на Директорот на компанијата, г. Хамим Даути, како признание за континуираниот придонес на компанијата во економијата, како и за нејзиниот раст и стабилен развој низ годините.

 

Извонредните резултати на „Даути Комерц“ во текот на 2024 година ја истакнаа компанијата како недискутирлив лидер. Главните резултати на годината вклучуваат:

• 85.5 милиони евра годишни приходи

• 2.1 милиони евра нето добивка

• 3.8 милиони евра извоз на стоки

• 3.7 милиони евра капитални инвестиции

• 525 вработени

 

Овие силни економски показатели, заедно со стабилноста и филозофијата на одржлив раст, ја позиционираа компанијата на врвот на листата и ѝ ја донесоа највисоката награда на вечерта.

 

Во 2024 година, компанијата ја освои првата награда благодарение на истите високи стандарди на перформанс, капитални инвестиции, континуиран раст и силен придонес на домашниот и меѓународниот пазар.

Повторното позиционирање на компанијата на самиот врв во 2025 година е доказ за конзистентноста, професионалноста и довербата што „Даути Комерц“ ја има изградено во пазарот низ годините.

 

Оваа година Стопанската Комора на Северозападна Македонија го одбележа и својот 20-годишен јубилеј. Во воведните обраќања, раководството на Комората ја потенцира важноста на овој јубилеј, нагласувајќи дека изминатите две децении претставуваат пат изграден врз визија, соработка и посветеност кон економски развој.

Беше нагласена и транспарентноста и професионалноста на методологијата TOP100, која останува најдоверливиот процес за оценување на компаниите во земјата


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам