03.12.2025
Денес кај нас во ДАУТИ-КОМЕРЦ имавме прекрасни гости!
Во соработка со нашите партнери “Алпак-еко” ги пречекавме дечињата од Градинка „Фидани” објект “Бамби”кои ни донесоа многу радост, насмевки и детска љубопитност. Заедно им ја претставивме важноста на рециклирањето, како и целиот процес – од селектирање на отпадот, до негово правилно рециклирање и повторна употреба. Децата преку игра и интерактивни активности научија како тие самите можат да придонесат за почиста и поздрава животна средина. Им благодариме на воспитувачките и малите еко-херои за нивната енергија и желба да учат! Продолжуваме да градиме еко-свесни генерации!
|