12.01.2026
Благодарност и признание за 21-годишен професионален придонес на г-ѓа Сандра Пероска
Раководството на компанијата Dauti Komerc изрази благодарност до г-ѓа Сандра Пероска, која по 21 година посветеност, професионализам и значаен придонес го заврши своето професионално патување во компанијата Dauti Komerc.
Во текот на сите овие години, г-ѓа Пероска се истакна како посветена, одговорна и визионерска соработничка, давајќи значаен придонес во развојот и зајакнувањето на компанијата. Во последните три години, таа успешно ја извршуваше функцијата раководител на секторот за брендот Swisslion во Македонија, при што покажа високи менаџерски способности, лидерство и целосна посветеност кон највисоките професионални стандарди.
Dauti Komerc изразува длабока благодарност за ангажманот, лојалноста и неуморната работа на г-ѓа Сандра Пероска низ годините, како и за нејзиниот вреден придонес во градењето силни професионални односи и заедничкиот успех.
Воедно, компанијата нагласува дека вратите на Dauti Komerc секогаш ќе останат отворени за г-ѓа Пероска, во секој момент од нејзиниот професионален и животен пат, како знак на почит, благодарност и заемно уважување.
И посакуваме здравје, многу успеси и нови остварувања во секој следен чекор од нејзиниот професионален и личен развој.