22.01.2026





Џемаил Даути ја нагласува важноста на извозот и развојот на домашните бизниси на средба со министерот Муцунски

Во просториите на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) се одржа стратешка средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, г. Тимчо Муцунски, кој беше пречекан од раководството на Комората, меѓу кои в.д. претседателот г. Нухи Алиу, извршниот директор г. Дурим Зекири, потпретседателот г. Јетон Асани, претседателот на Собранието г. Назми Ејупи, како и почесниот претседател г. Џемаил Даути, генерален директор на компанијата „Даути Комерц“.За време на средбата, Џемаил Даути ја истакна важноста од поттикнување на извозот и отворање нови можности за домашните компании на меѓународните пазари. Тој нагласи дека за економски развој на државата неопходно е домашните бизниси да имаат институционална поддршка и пристап до глобалните пазари, со што се создаваат поволни услови за раст и иновации.Во тој контекст, министерот Муцунски информираше дека Министерството ѝ ги става на располагање на Комората сите дипломатско-конзуларни претставништва ширум светот, со цел поврзување на домашните со меѓународните компании, а во случај на застои во комуникацијата, понудена е и директна линија за комуникација со министерот.Министерот Муцунски и раководството на СКСЗМ разговараа за економските предизвици и можности, со фокус на тематски трговски посети, промоција на извозните капацитети и зајакнување на меѓународните врски за домашните компании.Средбата означи важен чекор кон меѓуинституционална соработка и промоција на домашниот бизнис, со посебен акцент на лидерската улога на Џемаил Даути во зајакнувањето на економијата и отворањето нови хоризонти за домашните компании на меѓународните пазари.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам