22.04.2026





Џемаил Даути го пречека амбасадорот на Црна Гора во Скопје, фокус на зголемување на трговската размена

Генералниот директор на „Даути Комерц“, Џемаил Даути, во просториите на компанијата го пречека амбасадорот на Црна Гора во Скопје, Зоран Миљаниќ, на работна средба посветена на економските односи меѓу двете земји, во период кога Република Северна Македонија беше посетена од претседателот на Црна Гора.

За време на средбата беше разговарано за заедничката загриженост околу падот на увозот и, особено, на извозот меѓу двата пазари, како и за влијанието што оваа состојба го има врз деловната активност. 
Страните разменија ставови за актуелните предизвици и потребата од поттикнување политики и иницијативи што би ја олесниле трговската размена.
Во овој контекст беа разгледани конкретни идеи и предлози за зголемување на обемот на билатералната трговија. 
Со оглед дека „Даути Комерц“ работи со подружници и во Црна Гора, беше нагласен потенцијалот за понатамошно зајакнување на економската соработка и придонес во проширување на регионалните трговски врски.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам