15.05.2026
Даути Комерц дел од Третата регионална конференција за сметководители и овластени сметководители
Претставничките на Даути Комерц, Елмира Даути и Благица Кузмановска, учествуваа на Третата регионална конференција за сметководители и овластени сметководители, организирана од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС).
Конференцијата, која се одржа во Скопје под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“, обедини експерти, институции и компании од регионот за дискусија за дигитализацијата, технолошката трансформација и иднината на сметководствената професија.
Учеството на претставничките на Даути Комерц на овој значаен професионален настан ја потврдува посветеноста на компанијата кон следење на современите трендови во финансиите, сметководството и дигиталната трансформација, како и континуираното вложување во професионален развој и регионална соработка.
|