11.06.2026





Dauti Komerc доби признание на јубилејот на „Витаминка“

По повод одбележувањето на 70 години од постоењето на „Витаминка“, еден од симболите на македонската прехранбена индустрија, компанијата Dauti Komerc беше одликувана со благодарница за успешна соработка и долгогодишен придонес.

На свечениот настан, на кој присуствуваа институционални претставници, деловни партнери и соработници, беше истакната важноста на стабилните партнерства во развојот на компанијата и пазарот. 
Благодарницата за Dauti Komerc претставува признание за професионалноста, доверливоста и посветеноста во заедничката соработка.
Ова признание е уште една потврда за успешното и долгорочно партнерство помеѓу двете компании, како и поттик за понатамошно продлабочување на соработката во иднина.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам