27.07.2026
Фондацијата АЛБИЗ донираше 48.000 литри вода за граѓаните на Гостивар.
Фондацијата за развој на образованието и културата АЛБИЗ ѝ донираше на Општина Гостивар вкупно 48.000 литри флаширана вода, како поддршка за граѓаните погодени од проблемите со снабдувањето со вода за пиење.
Донацијата е обезбедена од компанијата Dauti - Komerc, во соработка со Korporata Rugove, и беше предадена на Општина Гостивар за да се распределува таму каде што потребата е најголема, особено кај семејствата во социјален ризик, лицата со хронични заболувања, повозрасните граѓани и оние кои немаат можност сами да обезбедат вода за пиење.
Со оваа донација, Фондацијата АЛБИЗ, компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ и Корпорација РУГОВА ја изразуваат својата солидарност и подготвеност да им помогнат на граѓаните на Гостивар во овој тежок период.
Фондацијата АЛБИЗ и понатаму ќе поддржува хуманитарни иницијативи и активности кои придонесуваат за подобрување на благосостојбата на граѓаните и зајакнување на солидарноста во заедницата.
Благодарение на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ за придонесот и општествената одговорност што ја покажа кон заедницата.