04.11.2026





Dauti Komerc ги обединува вработените жени во рамки на месецот за подигнување на свеста за ракот на дојката

Во рамки на месецот на подигнување на

свеста за ракот на дојката, вработените

жени во Даути Комерц се собраа на

заедничка средба, на која споделија

лични искуства, разговараа за

предизвиците и ја истакнаа важноста на

редовните превентивни прегледи. Во

фокусот беше и емоционалната и

психолошката поддршка за жените на кои

им е дијагностициран рак на дојката или

кои се соочуваат со оваа здравствена

битка, како и улогата на семејството и

работната средина во процесот на

справување. Средбата беше можност за

зајакнување на солидарноста,

разбирањето и свеста за важноста на

грижата за здравјето.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам