04.11.2026
ЏЕМАИЛ ДАУТИ СЕ СРЕТНА ВО ЗАГРЕБ СО ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ХРВАТСКА, СТИПЕ МЕСИЌ И ИВО ЈОСИПОВИЌ
Генералниот директор на Даути Комерц,
Џемаил Даути, оствари работна средба и
работен ручек во Загреб со двајцата
поранешни претседатели на Република
Хрватска, Стiпе Месиќ и Иво Јосиповиќ.
Средбата беше можност за размена на
мислења и дискусија во пријателска
атмосфера, поврзувајќи го искуството
од деловниот сектор со искуството од
политичкиот и институционалниот живот.
Стипе Месиќ беше претседател на
Хрватска во два мандата, од 2000 до 2010 година. Тој беше и првиот премиер на Хрватска по првите повеќепартиски избори во 1990 година, како и една од значајните личности во политичката транзиција на земјата.
Иво Јосиповиќ, универзитетски професор
по право и правник, ја извршуваше
функцијата претседател на Хрватска од
2010 до 2015 година. За време на неговиот мандат, Хрватска стана членка на Европската Унија, во 2013 година.
Средбата во Загреб претставува уште
една можност за размена на искуства и
комуникација со истакнати личности од
јавниот и институционалниот живот во
регионот.