Даути-Комерц:
Компанијата “Даути-Комерц”, како идеја настана во 90-и години, и се развива низ годините како Акционерско Друштво, денес е лидер во областа дистрибуција на роба за широка потрошувачка во РСМ и во регионот, во Косово, Црна Гора и Албанија.
“Даути-Комерц”, нуди квалитетни услуги, низ професионалната организациона структура со висок степен на флексибилност и отвореност кон промените и потребите на партнерите.
„Даути-Комерц“, денес е моќен бизнис- конгломерат, присутен во четири земји на Балканот и со својата сестринска компанија „Даути-ТранспортШпед“, за меѓународен транспорт.
“Даути-Комерц“ има над 1100 вработени, најголем дел со високо стручнa спрема, човечките ресурси во компанијата ги обидинува со истите принципи, вредности и мисија.
Добавувачи на „Даути-Комерц“ се од 82 земји низ светот чии производи ја соочинуват протфолиото на понудата на компанијата на своите купувачи.
Извозот е ориентиран покрај своите компании во Косово, Црна Гора, Албанија и во Европска Унија, денес „Даути Комерц“ извезува во Шведска, Швајцарија, Германија, Франција, Италија, Чешка, Австрија, Србија и Босна и Херцеговина.
„Даути-Комерц“ е рангирано на 50то место од најмоќните компании во Северна Македонија.
Денес „Даути-Комерц“ располага со најсовремени и софистицирани дистрибутивни центри во Сарај (Скопје), со површина од над 22 000 метри квадратни, во Тетово од 3 000 метри квадратни, во Струга од 1 500 метри квадратни, во Драч (Албанија) со 3 000 метри квадратни, во Урошевац (Косово) од 15 000 метри квадратни и во Подгорица (Црна Гора) од 5 000 метри квадратни. Овие центри логистички се опремени со најсодветен возен парк, кој има сопствена бензинска пумпа, сервис и други услуги за по експедитивно функционирање.
Компанијата се управува од административната зграда од 4 500 метри квадратни, лоцирана во Сарај.
Сестринската компанија „Даути-ТранспортШпед“, лоцирана во Република Северна Македонија и Албанија, располага со 11 шпедитерски услужни седишта и возен парк од 60 камиони.
„Даути- Комерц“, има сопствен царински склад, со лиценца со локално царинење исто така е лиценцирано како Овластен Економски Оператор „ОЕО“ , за меѓународно царинска, безбедносна и поедноставување на царинска процедура во Република Северна Македонија.
Компанијата ги има имплеметирано стандартите ИСО 9001, ИСО 14 001, ИСО 22 000, ИСО 27 001, ИСО 45 001, Еxellent Small & Medium Enterprises, СЕРТИФИКАТ ФЕР СО ПОТРОШУВАЧОТ, CERTIFIKAT ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, СЕРТИФИКАТ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ, HACCP, HALAL, ИФС и други.
Има обезбеден сертификат за снабдување на меѓународни институции: НАТО, УНДП, Islamic Relief, Срвен Крст, Центарот за помош на Кралството Саудиска Арабија, ТИКА и други.
Cопствениците, продолжуваат да го водат „Даути-Комерц“, кон нови успеси, а во меѓувреме ја подготвиле младата генерација за предизвикот, што во блиска иднина ќе го преземе водството на компанијата.
Основната дејност на компанијата “Даути-Koмерц” , се одвива преку два канали на продажба и други услуги:
1. Дистрибуција- Продажба на роба од увозните и домашни брендови за кој компанијата е дистрибутер во земјата. Опфаќа ланци на маркети, локални дистрибутери и големи потрошувачи. Дистрибуцијата ги опфаќа 3657 потрошувачки објекти во Северна Македонија.
Се одвива преку специјализирани комерцијални Дивизии и тоа:
а) Дивизија Milk & Meat- Дистрибуција на производи од млечни и месни производи
b) Дивизија Food & Drinks- Дистрибуција на храна и пијалоци
c) Дивизија Hygien & Cosmetic- Дистрибуција на производи за хигиена и козметика
d) Дивизија Alkaloid- Дистрибуција на производи од Алкалоид Скопје, производи од хемија, козметика и билкарство ( чаеви)
е) МикроДистрибуција-Дистрибуција врата до врата
f) Coffe Shop-Дистрибуција на производи за потребите на кафичи и ресторани
g) Fruit & Vegetable- Продажба на свежо овошје и зеленчук, преку дивизијата “Milk & Meat”
2. Продажба од домашни добавувачи :
Продажба на роба од домашните производители со широка палета на производи. Опфаќа мали и мало продажби објекти, хотели, ресторанти, кафичи, сендвичари, месарници, продавници за здрава храна, аптеки, јавни и приватни институции, и други. Опфаќа 8324 потрошувачки објекти. Се одвива преку:
- “Cash & Carry” Скопје- Продажба во регионот во Скопје, Куманово, Велес и источниот дел на Северна Македонија
- “Cash & Carry” во Тетово- Продажба нa регионот во Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар
- “Cash & Carry” во Струга- Продажба во регионот на Струга, Охрид, Битола и Прилеп.
- HO-RE-CA- Продажба по хотели, ресторани и кафичи, преку “Cash & Carry” ( Скопје, Тетово и Струга)
- Јавни нбавки и Тендери- Учество на тендери и снабдување на јавни институци и установи (НАТО, Полиција, Војска, Школи, Градинки, и други министерства и институци)
- Снабдување на Хуманитарни Организации и други организации
3. Други Услуги:
- Catering услуги- снабдување со готова храна за надворешни клиенти и организирање на разни настани и манифестации
- Пакување на зрнасти прозводи ( ориз, шеќер, грав и други), како и пакување на мед
- Откуп, складирање, репарирање ( поправка) и продажба на палети ( Обични, ЕUR и EPAL)
- “ISPM-15“ – термички третман по европски стандарди на дрвен материјал односно палети.
- Откуп и третман на отпад од амбалажа (најлон, хартија и лименка ) и испраќање за рециклирање
СТРАТЕШКИ ПАРТНЕРИ
„Даути Комерц“ се покажа како респектабилна компанија со своите локални, регионални и меѓународни партнери. Нејзини партнери се:
„Аlkaloid“ Скопје - соработката започна во 1992 година, која продолжува и расте во сегментот на дистрибуција на производите хемија, хигиена, козметика, билкарство (чаеви) и храна.
„Divella“ - соработката со италијанската компанија „Дivella“ започна на 1995 година, продолжува, со дистрибуција на производите тестенини, пелети, пасата и маслиново масло.
„Меggle”- во 2007 година „Даути-Комерц“ започнува со дистрибуција на млечни производи од германскиот производител „Меgglе”.
„Оvako“- компанија за месни производи од Босна и Херцеговина, која започна со соработка во 2008 година и продолжува.
“Frutex” – од Република Косово е важен партнер со своите производи од негазирани сокови и енергетскиот пијалок Goldеn Eagle, започнато во 2012 година.
“Mirato” - е компанија со производи од високо квалитетна козметика, соработува од 2013 година, со познатите брендови “Malizia”, “Figaro”, “Diplo”, “Glicemile” и особено лакот за коса “Intesa”.
“Flechard”- од Париз, Франција, моментално е водечка компанија во Европа за трансформација на млечни масти, позната во светот по производството на безмастен путер и сирење. Соработка од 2011 година.
“КOROSTEJ” - од Унгарија, е производител на млечни производи со европски стандарди, се дистрибуира од 2014 година.
“BG-Produkt” - е компанија од кондиторската индустрија, чии што производи „Даути-Комерц“ почна да ги дистрибуира во 2014 година.
“Rucker” - е германска компанија специјализирана за широк спектар и сигурност на производи на сирења и особено кашкавали, се дистрибуира од 2017 година.
“Manarthon” - е компанија од Тунис, познат производител на сардини, се дистрибуира од 2009 година.
“Siouras”- е грчката компанија која е позната по производите од маслинки, се дистрибуира од 2016 година.
Компанија „ Orkla Foods Romania” е компанија од Романија која е познат за маргарин “Ardealul” и “Linco”, се дистрибуира од 2014 година.
“Gullòn” – позната шпанска фабрика и бренд во секторот на бисквите што се дистрибуира „Даути-Комерц“.
Од производителот „Beyaz Kagit “, од Адана, Турција, се дистрибуират детергентите „ Peros”, со посебен мирис.
ТОП 15 БРЕНДОВИ
Dauti - e бренд на артикли производени за „Даути-Комерц“, од различни партнери ширум светот со препорачана рецептура согласно вкусот на потрошувачите на паразарите што го покрива компанијата.
GoodNature - бренд на „Алкалоид“, за производи на органски чаеви со потекло од природни растенија.Ги исполнуваат стандардите за квалитет ISO 9001:2008, ISO 14001:1996 и HACCP за производство на безбедна храна.
Becutan - бренд на „Алкалоид“, се произведува од 1978 година. Премиум производи за хигиена на нега на детска кожа. Сертифицирани за Европските директиви за квалитет.
Spektar - бренд на компанијата „Ино Спектар“ за производите на овошни сирупи и природна база.
BašAjvar - бренд на компанијата „Дием-ГП ДООЕЛ“, високо квалитетен производ од црвената пиперка со уникатен вкус.
GoldenEagle - бренд на компанијата „Frutex“ Косово . Освежителен безалкохолен енергетски пијалок со совршен вкус.
Natural100- бренд на компанијата „Frutex“ Косово. Овошен сок 100% природно без шеќер и полн со витамини.
Hajdúе- бренд на компанијата „Korestej“ од Унгарија. Разновидни меки сирења, произведени со модерна европска технологија, базирани на најубавите и оригинални медитерански традиции и рецепти.
Ovako - е бренд на компанијата „Акова Груп“ од Босна и Херцеговина. Преработени и конзервирани месни производи со европски стандарди, базирани на традиционални босански рецепти.
Divella - е бренд на компанијата „ Divella“. Тестенини, доматни сосеви, излупените домати, маслиново масло и бисквити. Произведени на најсовремена технологија од дуру брашно со италијанска традиција со уникатен вкус.
Meggle - е бренд од компанијата „Meggle“ од Германија. Млекото и млечните производи се со совршен квалитет применувајќи иновации на развојот на брендот.
Intesa - е бренд од компнаијата „Amato”од Италија. Интеса лак за коса и има пријатен мирис на арабски килибар и му дава посебна свежина на телото.
Peros - е бренд на компанијта „BeyazKağıt“. Овие производи се погодни за перење на алишта, миење садови, тврди површини и лична хигиена.
ElManar - е бренд од компанијата „Manarthon” од Тунис. Туна во конзерва,се содржи од медитерански сардини и е произведено со класични рецепти.
Griesson - бренд на компанијата „GriessondeBeukelaer“ од Германија. Семеен производ на бисквити произведено со долгогодишна традиција.
„Даути-Комерц “А.Д, денес негува долгорочни деловни односи со голем број на мултинационални компании .Со успешна политика на следење на актуелните, како и можностите за лансирање на нови, брендовите во портфолиото на Даути, постигнаа значајна трговска вредност .
Компанијата гради принципи на доверба, лојалност и истрајност, и само на тој начин ги остварува своите планови за развој. „ Традициjа, Доверба и Безбедност“.
„Даути-Комерц“ е приказна што продолжува...