Shop | МК | AL | EN

 Историјат и развој низ годините на Даути Комерц

„Даути-Комерц“ е основано како компаниjа на 29 мај 1990 година, од браќата ДАУТИ. Од своите почетоци како главна и основна дејност e дистрибуцијата на роба широката потрошувачка од домашни производители. И ден денеска ја извршува оваа трговска дејност, дистрибуција на домашни и странски производи.  

1994 – Поради пад на производствените капацитети на домашните производни компании, „Даути-Комерц“се насочи кон увоз на производи за широка потрошувачка.  

1997 – „Даути-Комерц“се трансформира во Акционерско Друштво. Оваа трансформација ја одвои имотната поставеност од менаџерската структура. 

1999 ‒  Се основа „Даути-Комерц“‒Урошевац (Ferizaj) Косово, со иста дејност.    

2001 – Се основа „Даути Комерц“ Подгорица , Црна Гора, со иста дејност.  

2003 –Се основа  „Даути–ТранспортШпед“ Скопје, специјализирана компанија за шпедитерски и транспортни услуги на стоки во друмскиот собраќај.  

2004 –Се отвара „Даути-Комерц“ Cash&Carry‒Тетово. 

2005 – 11 февруари, се основа Стопанска Комора на СевероЗападна Македонија, со иницијатива на „Даути Комерц“.  

2005 – Брендот „Даути“ се пушта на пазар.  

2006 – Се отвора „Даути-Комерц“ Cash&Carry – Чаир, Скопје. 

2007 – Започна да функционира секторот „Микро-дистрибуција“–амбулантна продажба 

2010 ‒„Даути-Комерц“ започнува со изградба на бизнис-комплекс односно дистрибутивниот центар  во Урошевац ( Феризај), Косово.  

2010 ‒Се става во функција секторот за амбалажирање и пакување на зрнасти производи со брендот „Даути“.  

2011 – Се отвора „Даути-Комерц“ Cash&Carry” во Струга. 

2011 –Се основа Фондацијата „Даути“, чија цел беше остварување општествена одговорност, која во 2015 година  се ребрендира во Фондација „Албиз“, вклучувајќи други компании.  

2011 – Се основа „Даути Комерц“Драч (Durrës) Албанија.  

2012 – Се става во функција дистрибутивниот  комплексот во Урошевац(Ferizaj), Косово.  

2013 – Почнува инвестицијата во изградбата на дистрибутивниот центар на „Даути-Комерц“ во Сарај, Скопје.  

2015 – Компанијата се сместува во новиот дистрибутивен центар во Сарај.  

2016 – Почнува изградбата на дистрибутивниот центар на „Даути-Комерц“ во Подгорица.  

2016-  Почна со работа Fruit & Vegetable 

2018 – Се пушта во употреба дистрибутивниот ценатр во Подгорица, Црна Гора. 

2019 – Се стекнува со сертификатот за примена на стандардот ХАСАП и ИСO 2001, ИСО 9001, ИСО 14 001, ИСО 22 000, ИСО 27 001, ИСО 45 001.  Еxellent Small & Medium Enterprises .   

2020 – Се стекнува со сертификатот за примена на стандардот HALAL, Еxellent Small & Medium Enterprises,  и  ИФС.   

2021- Почнува извозот во Европскaтa Унија ( Германија, Италија, Швајцарија, Австрија, Шведска и други )  

2022 – Компанијата ја обезбедува лиценцата за локално царинење. Започнуваат подготовките за обезбедување на лиценцата за Овластен економски оператор(ОЕО). Исто така, беа завршени работите за изградба на сопствен царински магацин. 

2022- Се отвара секторот Coffee Shop за дневно снабдување на кафичи и сендвичари, односно секторот за брза храна.  

2022- Почнува со работа Catering услуга.  

2022-  Манифестацијата за 30 годишнината на Компанијата, која се одржи на 22 септември, во комплексот на „Даути-Комерц“, Сарај-Скопје.  

 

 

 

 

 

 

                                                               

Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам