27.04.2026





Даути Комерц потпиша меморандум за соработка со QazTrade на Бизнис форумот Северна Македонија – Казахстан

Даути Комерц учествуваше на „Бизнис форумот и билатералните средби Северна Македонија – Казахстан“, кој се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија, со учество на делегација од Република Казахстан предводена од министерот за трговија и интеграција, Арман Шакалијев.

На настанот учествуваа CEO на Даути Комерц, Xhemail Dauti, и директорот извршен Hamim Dauti, заедно со членови на тимот на компанијата.

Форумот беше фокусиран на зајакнување на економската соработка меѓу двете земји и развој на нови партнерства во различни стратешки области како трговија, енергетика, прехранбена индустрија, градежништво и логистика.

Даути Комерц потпиша меморандум за соработка со Центарот за развој на трговска политика „QazTrade“, со цел унапредување на економската соработка и отворање нови можности за заеднички проекти и инвестиции.

Учество на компанијата на овој форум беше оценето како важен чекор во проширување на меѓународната соработка и зајакнување на деловните врски меѓу страните.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам