04.06.2026
„Даути Комерц“ доби признание од СКСЗМ на одбележувањето на 20-годишнината од нејзиното основање
„Даути Комерц“ доби признание од СКСЗМ на одбележувањето на 20-годишнината од нејзиното основање
Компанијата „Даути Комерц“ беше одликувана со признание од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) на свечениот настан организиран по повод 20-годишнината од основањето на Комората, јубилеј кој означува две децении посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на бизнис-заедницата.
На свеченоста, на која присуствуваа стотици претставници на државните институции, бизнис-секторот и меѓународните партнери, признанието наменето за „Даути Комерц“ го прими Извршниот директор на компанијата, Хамим Даути, како признание за континуираниот придонес на компанијата во економскиот развој и поддршката на деловните иницијативи во земјата.
Воедно, Генералниот директор на „Даути Комерц“, Џемаил Даути, кој ја носи и титулата Почесен претседател на СКСЗМ, беше дел од овој значаен настан што го одбележа 20-годишното патување на институцијата и ги истакна личностите кои придонеле за зајакнување на нејзината улога како глас на албанската бизнис-заедница.
Во рамки на настанот беше промовиран документарецот за 20-годишниот развој на СКСМ, како и пригодна монографија во која се претставени компаниите и поединците што оставиле значаен белег во развојот на Комората и економијата на државата.
Доделеното признание за „Даути Комерц“ претставува потврда за активната улога што компанијата ја има во бизнис-заедницата, преку поддршка на економскиот развој, претприемништвото и институционалната соработка.
Дваесет години по основањето на СКСЗМ, соработката меѓу Комората и водечките компании како „Даути Комерц“ продолжува да биде важен фактор во создавањето поконкурентна, поправедна и поразвиена деловна средина во земјата.