14.06.2026
Dauti Komerc доби одобрение за користење на царинската постапка увоз за облагородување
Dauti Komerc доби одобрение од Царинската управа на Република Северна Македонија за користење на царинската постапка увоз за облагородување,со што се овозможува спроведување на преработувачки активности во согласност со важечката царинска регулатива. Оваа постапка овозможува увоз на стоки наменети за преработка, придонесувајќи за поефикасна организација на оперативните процеси и понатамошен развој на деловните активности на компанијата.
Одобрението претставува значаен чекор во унапредувањето на деловните процеси и ја потврдува посветеноста на Dauti Komerc кон почитување на законските и професионалните стандарди. Преку континуирано подобрување на процесите и инвестирање во оперативните капацитети, компанијата продолжува да ја зацврстува својата позиција како сигурен и доверлив партнер на пазарот.
|