Shop | МК | AL | EN

ДАУТИ КОМЕРЦ

 

"Даути-Комерц“  е семејна компанија на семејството ДАУТИ, трансформирана во Акционерско Друштво, со систем на корпоративно управување. Органи на управување се Собранието на акционери,  Управниот одбор и Борд на директори.  

 Основната дејност на „Даути-Комерц АД е увоз-извоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, која се врши преку дистрибутивните центри во Северна Македонија, Косово и Црна Гора и локални добавувачи преку мрежата „Cash&Carry“ во Скопје, Тетово и Струга во Северна Македонија.  

 

 



Прочитај повеќе

ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ

Компанијата „Даути Комерц“ А.Д, со 30-годишно искуство, стана регионален лидер во областа на дистрибуција на стоки за широка потрошувачка. Компанијата е присутна во четири регионални земји, почнувајќи од Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија.  

„Даути Комерц“ А.Д, континуирано имплементира иновативни идеи и современи стандарди, каде што е специјализирана за дистрибуција на стоки за широка потрошувачка на домашниот, регионалниот и меѓународниот пазар. Во последните години, извозот на стоки од регионалните производители од Западен Балкан на европските и пошироките пазари.

МОТО

„Традициjа, Доверба и Безбедност“ 

„Даути Комерц“ има семејна традиција. Божествена доверба, доверба по себе, доверба кај соработниците како и бројни партнери, добавувачи и купувачи. Безбеден пристап сам по себе и безбеден партнер и производи. Традиционално, имаме воспоставено доверба и безбедност во брзата дистрибуција на производите до крајниот потрошувач. 



ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА

Со семејно воспитување, системот за корпоративно управување ги зајакна капацитетите со истовремен пристап кон работењето на секторите во компанијата, насочување, контрола на квалитетот и внатрешната одговорност на менаџментот и проценка на ризикот. 


ПРОШИРУВАЊЕ И РАЗВОЈ

Зајакнувањето на компанијата се развива паралелно како во вертикалниот раст во временски периоди, така и во хоризонталното ширење во регионот и пошироко. 

Со планирана стратегија, компанијата се прошири во регионот каде што создаде конкурентни предности во Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија, каде што денес работи со свои компании и планира да се шири во регионот, Европа и пошироко. 

Од графиконот јасно се гледа дека компанијата трајно ја изградила успешната историја на својот подем, без да стагнира ниту една година. 

                                          
Magacin

ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ

Прочитај повеќе

„Даути Комерц“ е основано како компанија на 29 мај 1990 година, од браќата ДАУТИ.

На  почеток, како главна и основна дејност ја имаше дистрибуцијата на стоката, широката потрошувачка од домашни производители.  И ден денеска се занимава со ова трговска  дејност, дистрибуција на домашни и увозни производи.



Новости

+


Џемаил Даути дел од делегацијата што се сретна со претседателката Силјановска-Давкова

Почесниот претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), воедно и генерален директор на компанијата „Даути Комерц“, г. Џемаил Даути, оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска-Давкова, како дел од делегацијата предводена од претседателот на СКСЗМ, г. Менди Ќира. Една од клучните теми на состанокот беше потребата од подобрена и посистематизирана комуникација помеѓу бизнис-секторот и државните институции. Во таа насока, г. Џемаил Даути предложи именување на посебен економски советник во кабинетот на претседателката. Ова би овозможило директен механизам за адресирање на предизвиците со кои се соочуваат стопанствениците. Почесниот претседател на ОЕМВП, Џемаил Даути, побара од претседателот да влијае Владата да ги отстрани царините за производите кои имаат преференциална даночна стапка од 18% до 5%, со цел да се подобри стандардот на граѓаните. Претседателката Силјановска-Давкова нагласи дека економскиот развој не е возможен без силна борба против корупцијата и елиминирање на сивата економија. Во рамки на стратегиите за интернационализација на бизнисите, беше дискутирана и потребата од вклучување на претставници од приватниот сектор во официјалните меѓудржавни посети, со цел промовирање на економските интереси на земјата. Претставниците на СКСЗМ ја поздравија иницијативата на претседателката за формирање на Националниот совет за соработка со дијаспората, изразувајќи подготвеност да дадат свој придонес во неговата работа.

20февруари

+


Даути Комерц на настанот на амбасадата на Косово по повод на Независноста

Џемаил Даути, извршен директор на Dauti Komerc, заедно со Јетмир Даути, Јасин Даути и Елхам Даути, новата генерација на раководството на компанијата Даути Комерц, синоќа присуствуваа на настанот организиран од Амбасадата на Косово во Скопје по повод независноста на Косово.

19февруари

+


Средба меѓу Даути Комерц и Globe Williams Скопје

Претставниците на Даути Комерц, Џемаил Даути и Ибрахим Зенели, ја пречекаа делегацијата од Globe Williams Скопје, составена од извршниот директор Питер Сувацис и директорот Тасос Рафтис.

19февруари

+


Од 1 март, Даути Комерц – дистрибутер на Meggle и за Косово

Од 1 март, Даути Комерц станува ексклузивен дистрибутер на производите на Meggle од Германија и на косовскиот пазар. Овој чекор претставува значително проширување на портфолиото на компанијата и можност за понуда на квалитетни производи на сè побараниот пазар. По тој повод, во седиштето на Даути Комерц во Македонија беше одржана средба со претставници од Косово, на која беа презентирани производите и плановите за нивната дистрибуција. Оваа соработка има за цел да ја зајакне присутноста на Meggle во регионот и да ја зголеми достапноста на овој реномиран европски бренд за косовските потрошувачи.

17февруари



0

Вработени

0

Држави

0

Меѓународни Потрошувачи

0

Внатрешни Партнери

0

Меѓународни Партнери

0

Брендови


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам