Раководителот и персоналот на кујна „Даути-Комерц“-Кетеренинг успешно ја завршија следната обука за едукација за подготовка на јапонска кујна. Обуката беше спроведена под надзор на специјалистите Тојоко Тагучи и Дане Ускоков, при што тие ги дадоа највисоките оценки за кадарот на кандидатите во однос на подготовката на јапонскиот специјалитет „Суши“.
15.02.2024
Генералниот директор на компанијата, г-дин Џемаил Даути, беше дел од делегацијата на Стопанската комора на северозападна Македонија, на средба со премиерот на Северна Македонија, Талат Џафери.
12.02.2024
Дирекцијата за наменско производство при Министерството за економија, на компанијата „Даути-Комерц“ АД, му спододели одлука за вршење на промет на воени стоки во работните простории.
По повод новогодишните празници, компанијата „Даути-Комерц“ организираше свечена манифестација со своето раководство во Приштина со комерцијалистите од „Даути-Комерц“ Северна Македонија, „Даути-Комерц“ Косово, „Даути-Комерц“ Црна Гора, и „Даути-Комерц“Албанија. Тие ја презентираа едногодишната работа што ја спроведоа, каде што беше констатирано дека имаат остварено успешна финансиска година и покрај предизвиците и економските кризи.
01.01.2024
23.12.2023
Царинската управа во соработка со Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст, имплементирана од Паладиум Интернешнел и ИДЕАС ДеПо, денес одржа работилница за презентирање и подобрување на ефикасноста на програмата за Овластен економски оператор (ОЕО), на која беа вклучени сите релевантни институции во негова примена.
18.12.2023
По параметрите и финансиски успех, компанијата „Даути-Комерц“ се рангира на второ место во ова издание на ТОП100 на Стопанската комора на северозападна Македонија. Наградата за компанијата и ја додели премиерот Димитар Ковачевски, а ја прими Хамим Даути, директор на „Даути-Комерц“ - Скопје.
08.12.2023
Директорот Џемаил Даути, како претставник на Стопанската комора на северо-западна Македонија, учествуваше на настанот на кој беше промовирана финалната нацрт верзија на Националната стратегија за развој 2024-2044 година. Во оваа консултативна дебата, Џемаил Даути, кој беше промотор и поттикнувач на Националната стратегија за развој, ги изнесе своите коментари за нацрт-верзијата, каде препорача да се формира тело кое ќе ја следи имплементацијата во практично функционирање.
07.12.2023
Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.
Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)
Се согласувам Не се согласувам