Shop | МК | AL | EN

Новости


+


Даути-ТранспортШпед 20 години поддршка на компаниите кои тргуваат во светот

Нашата компанија веќе две децении успешно ја гради својата иднина преку своите долгорочни планови го задоволува барањето на своите клиентите во долг рок. Континуирани подобрување и постојаниот развој на нови решенија се врвен приоритет. Секогаш сме отворени за размислувања и иновации кон иднината за да бидеме по флексибилни и по блиску до нашите клиенти. Растот на нашата компанија генерира и континуирано зголемување на капацитети за камионски транспорт. Целта за проширување на нови пазари преку директно присуство, започнавме да ја остваруваме во 2017 година, кога нашата компанија своето деловно работење го прошири и на територија на Албанија, додека не одамна Даути-ТранспортШпед изврши вложувања на новото друштво и во Хрватска. Со основањето на Даути-ТранспортШпед во Хрватска земја членка на ЕУ имаме можност за непречено извршување на товар на европскиот пазар во кој е е воспоставен слободна трговија на стоки и услуги меѓу членките, ослободени од царински и административни бариери. Успехот на нашата компанија се должи на успешниот тим кој се состои од повеќе од 140 вработени, а во областа на царинското застапување Даути-ТранспортШпед нуди решенија кои можат да го олеснат работењето и има 8 подружници преку кои врши царинско застапување на сите Царински Испостави на територија на северна Македонија.

06.12.2023

Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам