Џемаил Даути: Високите царински стапки влијаат на цените на производите
Генералниот директор на Даути Комерц, Џемаил Даути, во изјава за централното издание на вестите на телевизија Телма ја коментираше актуелната состојба со цените во земјата. Според него, секоја мерка што би ја презела владата треба да биде во согласност со пазарната и економската логика. Даути нагласи дека еден од клучните фактори што влијаат на високите цени се царинските стапки, кои се меѓу највисоките во регионот. Тој побара нивно укинување, особено за производите за широка потрошувачка, кои, според него, треба да имаат нулта царинска стапка. Во меѓувреме, најновите анализи на Пазарниот инспекторат покажаа дека маржата на профит за одредени производи од увоз до маркетите достигнува од 40% до 70%. Ова значи дека ако еден производ се увезува по цена од 1.000 денари, во маркетите се продава за 1.400 денари или повеќе.