Џемаил Даути во ‘Бизнис Плус’ на МТВ2 – Економски предизвици и развој
Генералниот директор на Даути Комерц и почесен претседател на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, Џемаил Даути, во четврток, 6 февруари 2025, ќе биде гостин во емисијата „Бизнис Плус“ на МТВ2 во 20:30 часот. Во оваа емисија ќе се дискутираат клучни економски теми што ги засегаат бизнисите и потрошувачите во земјата, како што се бојкотот на маркетите поради, како што кажуват,високите цени, неговото влијание врз економијата, предлогот на СКСЗМ за зголемување на минималната плата на 500 евра без зголемување на придонесите, како и имплементацијата на Законот за не фер трговски практики. Џемаил Даути ќе ја понуди својата анализа од перспектива на искусен бизнисмен, фрлајќи светлина врз предизвиците и можностите за економски развој на земјата.